Веднаш по објавувањето дека ќе продава дел од облеката што ја поседува, обожавателите на Џејн Фонда со нетрпение очекуваа да слушнат за што точно се работи.
На изненадување на многумина, актерката ги става на аукција венчалниот фустан и вереничкиот прстен.
Се работи за парче накит од куќата „Tiffany&Co“ и фустан инспириран од викторијанскиот период, што го носела на венчавката со поранешниот сопруг Тед Тарнер. Венчаницата е скромна, со долги ракави и висок околувратник.
Инаку, прстенот е од опал и 18-каратно злато, збогатен со два дијаманта. Двата предмета се проценети дека ќе се продадат помеѓу 2.000 и 4.000 долари, што според многумина е многу мала сума.
Аукцијата е закажана за 23-ти септември, а од „Џулиен Аукшнс“, домаќин на настанот, покрај овие две работи, Џејн сака исто така да продаде и дел од личните уметнички творби, на пример од периодот кога презентираше видео-вежби.
Дали ќе успее да ги продаде парчињата за многу повеќе од проценетата вредност, останува да видиме после летните одмори.