Џенет Џексон ќе стане мајка на 50 години!

13 октомври 2016

Популарната пејачка Џенет Џексон ја потврди веста за нејзината бременост со фотосесија за магазинот People, откако неколку месеци медиумите шпекулираа дека таа е во блажена состојба. 

„Му благодариме на Бога за овој благослов“, изјави поп ѕвездата. 

Шпекулациите дека таа е бремена почнаа во април годинава кога пејачката ја откажа турнејата за да се фокусира на планирање на семејство со нејзиниот сопруг Висам Ал Мана. 

Изминатите неколку месеци таа се појавуваше во јавноста многу ретко, а еднаш беше забележана како купува во продавница за деца по што почнаа да се шират сите информации. 

„Таа е многу возбудена и се чувствува одлично. Всушност, таа едвај чека да дојде бебето и сите работи со него“, изјавил извор близок до пејачката за People. 

На фотографијата за магазинот таа изгледа навистина прекрасно и подобро од кога и да е во тесен бел фустан, нежен џемпер и очила за гледање. 

 

Нејзините пријатели ќе посочат дека во моментов таа одмара во нејзиниот дом како препорака од докторите кои иако потврдиле дека се е во ред со бебето, сепак нејзините години се нешто поради што мора да се внимава. 

„Таа е навистина здрава и силна. Овие денови се одмора и не сака да се грижи за ништо, ниту пак да се напрега непотребно. Таа сака да остане здрава за неа и за нејзиното бебе. Се молеше за него многу долго време. Во моментов единствено на што мисли се имиња за бебето“, изјавиле нејзините пријатели. 

Покрај Џенет Џексон, голем број од светски познатите дами се одлучиле да родат бебе после 40 – тата година меѓу кои и Гери Халивел (44), Гвен Стефани (44), Иман (45), Кели Престон (48), Хали Бери (47), Џина Дејвис (48) и многу други.

Објавено:
13 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
733 пати