Сите се сеќаваме како изгледаше Џастин Тимберлејк кога беше дел од ултра популарната група Nsync, а неговата сопруга очигледно сака да се шегува на негова сметка.

На забавата што ја организираше компанијата за текила на Џорџ Клуни и сопругот на Синди Крафорд, Рејнџ Гербер, Џесика Бил одлучи да нè потсети на еден од највпечатливите изгледи на нејзиниот сопруг како фронтмен на групата.

За да биде уште поинтересно, со периката, костимот и очилата за сонце таа навистина наликуваше на Џастин кој ја придружуваше облечен во костим на микрофон, заедно со нивните пријатели кои беа облечени како останатите членови на бендот.

Забавата беше во организација на Синди Крафорд и нејзиниот сопруг кои за пригодата одбраа ретро костуми од диско ерата.

Подеднакво впечатлива на забавата беше 56 годишната актерка од популарната серија „Days of our lives“, Лиса Рина која пристигна облечена како Џенифер Лопез во иконскиот фустан ан Версаче и изгледаше навистина оригинално.

На забавата посветна на „Ноќта на вештерките“ пристигнаа и други познати личности меѓу кои и Парис Хилтон, Лаверн Кокс, Стела Максвел, Нина Добрев, Ајза Гонзалес и многу други.

Нина Добрев како Били Ајлиш

Погледнете како изгледаа и какви костими одбраа погоре во галеријата.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
26 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
615 пати