Џоди Фостер се венча со својата девојка

24 април 2014

Добитничката на Оскар, Џоди Фостер  и официјално заплови во брачните води. Минатиот викенд Фостер ја озакони љубовната врска со фотографката Александра Хедисон со која е во врска една година. Но, која е Александра? Освен што е фотограф таа се занимава и со актерство, а пред да се запознае со сегашната брачна партнерка, Хедисон беше во врска со актерката и водителка Елен Деџенерс се до 2004 година.

 

Додека пак Џоди,  претходно беше во љубовна врска со Кенди Бернард цели 20 години. Познато е дека популарната актерка Фостер не сака да споделува никакви информации со медиумите од приватниот живот и едноставно вели:„ Тоа не сум јас и никогаш нема да бидам“.

 

 

 

Објавено:
24 април 2014
Категорија: 
Сцена