Џорџ Клуни го откачи Том Форд за филмот

19 мај 2015

ford-clooney

Откако неодамна осамна веста дека Џорџ Клуни ќе биде продуцентот во новото филмско остварување на Том Форд, насловено како Noctural Animals, сега има нова – Клуни се повлекува од соработката.

Како пренесуваат странските медиуми, несогласувањата се причина за ваквиот развој на настаните, сокривајќи ја вистинската причина.

Познатиот дизајнер во моментов се наоѓа во Кан, на филмскиот фестивал, каде остварува контакти со интернционални дистрибутери, кои што би го финансирале неговиот постмодерен трилер.

-Форд е во Кан затоа што Клуни се откажа од продуцирањето на филмот, а ќе го направеше преку неговата куќа Smokehouse Pictures, со Грант Хеслов. Но, пред неколку недели имаа големи несогласувања околу креативните решенија и актерот веќе не е дел од овој проект – вели неименуван извор.

Но, од друга страна, Клуни негира дека имале несогласувања со Форд.

-Не се работи за кавга или несогласувања, туку за распоредот. Грант и јас сметаме дека проектот е добар, а Том фантастичен. Но, за жал не сме слободни во времето кога би му биле потребни – вели Џорџ Клуни за pagesix.com.

Крајната разврска на оваа ситуација е дека зад филмот ќе застане Universal и Focus Features. Според информациите што се појавија вчера, во ова остварување ќе се вложат околу 20 милиони долари, што го прават овој договор најголемиот направен на Канскиот фестивал оваа година, барем досега.

За потсетување, се работи за екранизација на романот, постмодернистички ноар трилер, Tony and Susan на американскиот автор Остин Рајт. Делото ја следи приказната на Сузан на која по пошта ќе ѝ пристигне ракопис од романот на нејзиниот поранешен сопруг, а посветен токму на неа и нејзиниот живот. Во главните улоги би требало да се појават Џејк Гиленхал и Ејми Адамс.

Објавено:
19 мај 2015
Категорија: 
Сцена