Повторно заедно: Џорџ Клуни и Џулија Робертс како разведен пар во Ticket to Paradise

1 март 2021

Нова комедија на повидок за Џорџ Клуни и Џулија Робертс. Филмот Ticket to Paradise ќе ги обедини долгогодишните пријатели и колеги од Ocean's Eleven, Џулија Робертс и Џорџ Клуни.

Џулија Робертс и Џорџ Клуни во Ocean's Eleven

Актерите ќе толкуваат разведена двојка која заедно патува на Бали, со цел да ја сопрат својата ќерка да се омажи. Робертс и Клуни, последен пат заедно застанаа пред филмската камера во 2016 година, за трилерот Money Monster во режија на Џоди Фостер. 

Режијата на романтичната комедија Ticket to Paradise ја потпишува Ол Паркер, а филмот е во продукција на Universal Pictures и Working Title. Се очекува снимањето да започне кон крајот на годинава. 

Објавено:
1 март 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
600 пати
Тагови: 
Џулија Робертс