Џорџија Меј Џегер: Јас сум гламурозна машкуданка

25 август 2014

go2

Една од првите асоцијации на добра комбинација на гени е Џорџија Меј Џегер. Татко и', Мик Џегер е најголема рок ѕвезда на светот, а мајка и' е супермоделот Џери Хал. Она што прво се забележува кај оваа убава девојка се полните усни - на татко и' и раскошната руса коса  - на мајка и'. Така, тешко кој не би препознал чие дете е таа, што освојува со широката насмевка со разделени предни заби.

Моделката за сајтот Буро откри дел од своето секојдневие, а дел од интервјуто ви пренесуваме и во продолжение.

Со моделинг се занимаваш веќе шест години. Кој беше првиот голем ангажман?

-Првиот поголем ангажман беше насловната страна на руското издание на Вог, а потоа следеше и насловната на британскиот. Наскоро ме ангажираа и за Hudson Jeans кампањата. Сето тоа се одвиваше во едно лето, така што не ни бев свесна што се случува и дека тоа е пресвртна точка во мојата кариера. Бев во голем шок тогаш.

Дел си и од кампањи за high street брендови. Дали и прватно се облекуваш во такви парчиња?

-Секако. Пред се', јас сум Англичанка, нели? Израснав на Топшоп и high street. Родителите не ми дозволуваа се', во смисла на дизајнерска облека и некои луди шопинг походи. Можеби мама малку повеќе од тато, но имав свој џепарлак, кој го распределував на прачиња од улични брендови. Генерално, сметам дека е досадно да се носи само еден бренд или само дизајнерска облека, иако во неа изгледате отмено. High street е одличен за купување на основни парчиња како маици, капути, кои потоа можете да ги комбинирате со дизајнерски парчиња. Денес, high street модата е доведена до совршенство, па луѓето честопати не препознаваат дека носите нешто што чини помалку од 100 фунти.

go3

Како би го опишала својот стил?

-Не сум сигурна... Можеби како микс на гламурозен и машкудански стил. Многу ја ценам удоноста. Сакам патики, како и широки панталони. За кастинзи носам потпетици, затоа што сум прилично ниска за модел.

Кое е твоето модно must-have парче?

-Добра кожена јакна и кожени чизми со висока потпетица.

Кој е твојот најдраг моден момент?

-Па би кажала годинешната Met Gala. Модната куќа Thierry Mugler направи фустан само за мене и бев воодушевена од резултатот.

go4

 

Како ја одржуваш линијата?

-Не вежбам воопшто. Мислам дека вкупно имам четри тренинга со личниот тренер вкупно (се смее). Знам дека би требала да вежбам, но бројните патувања страшно ме заморуваат, така што и немам време. Само оваа недела во авион поминав 24 часа, а утре повторно ме чека прекуокеански лет.

Моделите секогаш истакнуваат дека, покрај бројните часови проведени во авион, најтешката работа во оваа работа е осаменоста. Како ти се носиш со тоа?

-Кога се чувствувам осамено гледам лоши серии на лаптоп.

Лоши како сестрите Кардашијан?

-Не толку лоши ( се смее). Зависна сум од серијата Scandal и тоа е мојот моментален хит.

Имаш ли некоја страст покрај моделингот?

-Ја сакам фотографијата и едно време одев во школо за фотографија. Неодамна направив фотографија на модната куќа Фенди, која се најде на нивна чанта. Се работи за парче за хуманитарна акција, така што ми беше драго што ме повикаа. Во оваа фаза на животот повеќе сум сконцентрирана на манекенството, затоа што знаеме дека оваа работа не трае вечно.

go1

Моментално на пазарот постојат модели кои и во 40-тите одлично работат. Не чувствуваш ли дека сепак има промена, дека кариерата на моделите трае подолго?

-Промената се почувствува и тоа на начин дека девојките веќе не се менуваат од сезона во сезона. Мислам дека луѓето денес од моделите сакаат личност, сакаат лице што ќе го гледаат и ќе се поврзат со брендот, лице на кое ќе му веруваат. Мајка ми се' уште работи како модел, ни самата не може да верува дека се' уште има работа за неа. Не би кажала дека концентрацијата на моделите во 40-тите години од животот што работат е голема. Во секој случај, добро е што има различни генерации на жени што работат. Луѓето што купуваат производи не се тинејџери како поголемиот број модели што ги рекламираат тие производи.

Како изгледа твој идеален слободен ден?

-Обожувам да спијам до доцна, да отидам некаде на добар доручек, да го посетам брат ми и неговата девојка, бидејќи не ги гледам често поради обврските, а кои живеат во источен Лондон и да го завршам со некоја фина вечера.

Објавено:
25 август 2014
Категорија: 
Сцена