Џорџо Армани ќе отвори музеј во Милано

25 јули 2014

Џорџо Армани отворањето на музејот Armani Silos го најави уште во јуни, а се работи за поранешната фабрика на Нестле и со ова дизајнерот ќе означи нова точка во културната мапа на Милано. Целта не е само да се презентираат дизајните на Армани, туку да се отстапи место и за младите дизајнери и да им се овозможат дополнителни курсеви, како и отворање на библиотека во рамките на музејот.

Дизајнерот смета дека на овој начин ќе успее да го пренесе своето искуство на младите генерации, кои би можеле дополнително да се инспирираат од креациите, кои ќе бидат изложени во музејот, но исто така потсетува дека успешната кариера се гради само со напорна работа. „Милано е градот во кој одлучив да останам да живеам и работам . За мене животот тука претставува вистинска школа. Ме научи дека ништо не доаѓа случајно, туку дека треба да се работи секојдневно за да се изгради модна империја“ – изјави Армани.

Објавено:
25 јули 2014
Категорија: 
Сцена