Ѕвездата од Stranger Things, Брет Гелман е една од најнеочекуваните модни икони

3 август 2022

Со сето внимание на јавноста кое во последно време е свртено кон актерската екипа на хит-серијата Stranger Things, можеби најмногу очекувавме дека епитетот „модна икона" ќе биде доделен на некој од најмладите имиња, како Мили Боби Браун, Сејди Синк, Џо Кири, Џејми Кемпбел Бауер, Миа Хок или Џозеф Квин.

Фото: Getty

Сепак, се чини дека најзаслужен да седне на модниот „трон", сепак е 45-годишниот комичар и актер Брет Гелман, кој покрај своите останати ексцентрични улоги во филмови и ТВ серии, во последно време е најпознат по својата улога во Stranger Things како приватниот истражувач и теоретичар на заговори, Мареј Бауман.

Со својот необичен стил, уметнички пристап кон градење на својот моден израз и незаборавните стајлинзи со кои нертеко се претставува на црвените килими, Брет Гелман стана една од најнеочекуваните модни икони кои го обележуваат последниов период.

Фото: Getty

Гелман знае како совршено да постави рамнотежа помеѓу својата личност и неговиот стил, комбинирајќи елементи од култното и класичното со елементи од ретро Американа и домашниот лежерен стил. Сето тоа е дополнето со неговата препознатлива брада, очила за сонце во јаки бои и блескав накит.

Гелман знае да се појави во целосни Боде изгледни од глава до пети, Celine комплети, кардигани од бушав мохер и цветни свилени пижами од Dries Van Noten, што е доказ дека Гелман е човек кој воопшто не се плаши да експериментира со стилот. А покрај бројните спонзорирани изгледи, Гелман ужива да го презентира и својот личен бренд на кој работи со својот стилист, Џош Тан.

Фото: Getty

Тоа е изглед што тој го нарекува „Jaddy", ( микс од термините „Jewish" и „daddy"), преку кој Гелман говори за прифаќање на силата и културата што доаѓаат со неговото еврејско потекло и нуди нов вид пример за еврејската славна личност во време на неконтролиран антисемитизам во САД.

Фото: Getty

Објавено:
3 август 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
270 пати