Еди Марфи ќе стане татко по десетти пат

22 август 2018

Актерот Еди Марфи е татко на девет деца од пет различни жени, а како пренесуваат светските медиуми, во 57-та година ќе стане татко по десетти пат.

Тој е во врска со Пејџ Батчер, 39-годишен австралиски модел, а таа неодамна е видена во Лос Анџелес во блажена состојба. 

Инаку, Пејџ и Еди веќе имаат двегодишна ќерка Изи Уна Марфи.

Од „Дејли Мејл Австралија“ се обиделе да го контактираат менаџментот на двојката за коментар, но за сега нема никакви дополнителни информации.

Актерот и моделката се заедно од 2012 година, а првпат се запознале на сетот на филмот „Big Momma's House 2“ во 2006.

За потсетување, Еди има пет деца со поранешната сопруга Никол Мичел и по едно со поранешните партнерки Мел Би, Тамара Худ Џонсон и Паулет Мекнили.

Еди и Никол

Објавено:
22 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
531 пати
Извор: 
daily mail