Елен Деџенерис лансираше сопствен портал

1 ноември 2014

На порталот Ellentube, Елен Деџенерис ексклузивно ги објавува видеата од своите емисии, но исто така застапени се повеќе рубрики, како што се „Селебрити“, „Мачки“, „Смешно“ и други, во кои се наоѓаат содржини кои водителката ги постира и на социјалните мрежи. Сите посетители може да објават и сопствена содржина, а администраторите сами ќе одлучат дали постот ќе биде објавен.

До сега каналот на Елен на YouTube го посетуваат 100. 000 фанови месечно, на Твитер ја пратат 34 милиони следбеници, на Фејсбук 16 милиони и на Инстаграм 6 милиони. Тргнувајќи од овие бројки, не е тешко да се претпостави дека Ellentube ќе достигне голема популарност.

Објавено:
1 ноември 2014
Категорија: 
Сцена