Ема Вотсон е стилски камелеон на промотивната турнеја за ‘Regression’

31 август 2015

Минатата недела, една од најстилските актерки од новата генерација Ема Вотсон, беше на промотивна турнеја во Мадрид за нејзиното најново филмско остварување, семејната драма 'Regression' во кој игра заедно со Итан Хок.

Секое нејзино појавување на црвениот килим е предизвик за медиумите со оглед на нејзините стилски трансформации. Овој пат интересно и заедничко за сите нејзини комбинации беше тоа што се еколошки, без хемиски преработки или употреба на крзно, со што актерката сака да ја подигне еколошката свест кај нејзината публика.

Ердем, Ралф Лорен, Вес Гордон се дел од дизајнерите што ја облекоа Вотсон за промоцијата на филмот , комбинирајќи различни стилови: од бохо со комбинација на црна лежерна кошула и кафеаво асиметрично здолниште до романтични фустани со цветни мотиви и едноставни минамалистички варијанти што вклучуваат монохроматски комбинации.

Во продолжение погледнте ги шестте различни трансформации на Вотсон.

 

 

Објавено:
31 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.369 пати