Топ моделот и мајка, Ирина Шајк, секогаш е атракција за папараци фотографите, па затоа често низ медиумите може да видиме нејзини фотографии од секојдневието.
Иако понекогаш знае да направи модна утка при изборот на секојдневни комбинации, генерално од тоа што може да го видиме на фотографија, нејзиниот уличен стил е со урбан и модерен предзнак што таа одлично знае да го износи.
Оваа есен Ирина е вистинска модна инспирација од улиците на Њујорк. На себе често комбинира актуелни трендови, но секогаш прилагодени на нејзиниот личен и препознатлив стил, што како целина е мотивирачки доколку барате идеја како да направите спој на тенденциите во вашиот индивидуален имиџ.
Деновиве, вниманието ни го привлече во неколку атрактивни комбинации. Едната од нив е непогрешниот спој на дводелен костум во лежерен крој со ролка, надополнет со накит – што како комбинација важи за една од најпопуларните оваа сезона.
Во друга прилика пак, Ирина покажа како едно спортско издание со монтка, може да биде и ултра шик и модерно, во едноставна црна комбинација со високи, милитари чизми.
Уште неколку тренди аутфити според модната замисла на Ирина Шајк, споделуваме во продолжение.
Фото: Vogue, Getty images