Фасцинантната Емили Блант смени три уникатни комбинации во еден ден!

2 јуни 2014

Прекрасната Емили Блант ги остави сите без зборови кога во само еден ден се појави на три премиери во три различни светски метрополи на нејзиното ново филмско остварување „Edge of Tomorrow“.

Таа изгледаше неверојатно добро и уникатно во три сосема различни креации на премиерите во Лондон, Париз и Њујорк кои што се случија во текот на едно деноноќие!

Со нејзиниот филмски партнер Том Круз, таа денот го започна во 08 часот изутрина кога на премиерата во Лондон се појави во прекрасна креација на лондонскиот моден бренд Осман во комбинација со виолетови чевли на Курт Гигер.

Прекрасниот фустан без прерамки со нежни цветни принтови во виолетова, црвена и сина боја изработен од фасцинантна свила и прилегаше неверојатно добро во комбинација со нежната шминка и фризура.

Само неколку часа подоцна, талентираната актерка се појави на премиерата во Париз во сосема поинаков и мистичен стајлинг со нагласена црна шминка и собрана коса во пунџа. Овојпат, актерката се одлучи за дводелна креација со транспарентни делови на дизајнерот Дејвид Кома.

И додека сите мислеа дека тоа беше последната премиера за актерката за тој ден, таа за неколку часа, се појави и на премиерата во Њујорк каде изгледаше уште подобро без никакви знаци на умор од долгиот и напорен лет.

Се чини, актерката го зачува најдоброто за крај, па во омилениот Менхетен се појави во долга црвена тоалета на Прада која што на неверојатен начин ја истакнуваше нејзината и онака совршена фигура.

Доколку сите мислевте дека розовиот кармин воопшто не оди заедно во комбинација со црвен фустан, актерката на сите им докажа дека тоа е сосема погрешно размислување. Таа неверојатно успешно го комбинираше впечатливиот розов кармин и модните додатоци во иста боја со нејзината совршена Прада креација.

Ние дефинитивно не можеме да се одлучиме кој е најдобриот изглед на актерката во нејзиното 24 часовно модно патување низ светот, но се двоумиме помеѓу Осман и Прада!

Кој е вашиот омилен?

Објавено:
2 јуни 2014
Категорија: 
Сцена