(Фото) Што се носи на улиците во Париз деновиве?
•
26 јануари 2023
Генијалноста и креативното лудило на модните писти, на актуелната Недела на висока мода во Париз, директно се поврзани со исто толку возбудливата улична мода деновиве, во француската престолнина.
Познати светски ѕвезди и влијателни ликови од светот на модата (Ана Дело Русо, Кјара Ферањи, Кирстен Дантс се само дел од гостите), придонесоа за особено атрактивната стилска глетка на париските улици.
Како итаат од една до друга ревија, брзајќи да се сместат во првите редови навреме, фотографите не пропуштаат да ги фотографираат гостите кои го привлекуваат најголемото внимание.
Дел од нив погледнете во галеријата во продолжение.
Фото: Вог