ВИДЕО: The Bling Ring, холивудска драматизација на тинејџерската опседнатост со стилот на познатите

Сатиричната црна комедија The Bling Ring е нов холивудски хит базиран на тинејџерската опседнатост со стилот на познатите која завршува во плакарите на холивудските старлети – и тоа ограбени!

Режисерката Софија Копола на големото платно ни ги отвара фасцинантните гардеробери на Париз Хилтон, Линдзи Лохан, Кирстен Дантс како доволен предизвик за љубопитноста на една група тинејџери кои прават професионална криминална стратегија за ограбување на брендираните скапоцености.

Како една од ексцентричните тинејџерки во филмот покрај другите се појавува и младата Ема Вотстон, додека познатите старлети-жртви на тинејџерската опасна пасија, се појавуваат лично.

Светската премиера на филмот беше на овогодинешниот  Кански филмски фестивал.

Објавено:
15 август 2013