Гламурозна забава на Стела Мекартни во чест на новата ресорт колекција за 2015

7 јуни 2014

Модните презентации на дизајнерката Стела Мекартни секогаш привлекуваат голем број ѕвезди кои со нетрпение очекуваат да присуствуваат на една ваква забава. Така и синоќешната пролетна презентација за 2015 година во чест на најновата ресорт колекција, само ја потврди гламурозноста на организацијата на вакви настани. Меѓу присутните можевме да ги видиме топ моделот Џордан Дан, актерката Амбер Хард, Лив Тајлер, Хелена Кристенсен, Кара Делевињ и други. Свеченоста се одржа во градината на Elizabeth Street, во Њујорк, а гостите беа облечени во креации на познатата дизајнерка.

Мошне впечатлив беше изборот на комбинезони, но и инвентивниот спој на принтови, морнарскиот стил, длабоките деколтеа, провокативните изгледи и неверојатните кроеви на модели што холивудските диви задоволно ги носеа на себе, надополнети со уникатни модни додатоци и накит.

Самата дизајнерка на забавата одлучи да носи модел на ултра популарниот комбинезон суптилно украсен со инвентивен принт надополнет со ремен и клач-чанта во црна нијанса.

Како и на секоја забава, така и на оваа, имаше магичен дожд од балони, палета од неверојатни јадења, милиони светилки во најубавите бои на виножитото и нормално, весели и расположени луѓе кои со сигурност уживаа во прекрасниот амбиент. Во продолежние погледнете ја фотосесијата за ресорт колекцијата пролет 2015 година и најѕвездените моменти од вечерта.

Објавено:
7 јуни 2014
Категорија: 
Сцена