Јасно е дека магазините „People“ и „Hello“ од последните изданија ќе го имаат најголемиот тираж, но и најмногу продадени броеви од истите. Секако, најзаслужни за тоа се Бред Пит и Анџелина Џоли, односно ексклузивните фотографии од нивната венчавка која се случи пред 10 дена во Франција. Специјално право за објава имаше магазинот „Hello“ кој во соработка со „People“, го уживаат ексклузивното право.
Покрај насловните, магазините од внатрешноста на страниците имаат и ексклузивно интервју со „Бранџелина“ кои го раскажуваат нивното интимно свадбено искуство. Сега информациите се официјални, па’ нема веќе место за нагодувања и претпоставки околу деталите.
Венчаницата во која Џоли кажа „Да“ е изработена од дизајнерот Луиџи Маси од модната куќа Версаче, а Бред носи одело што не е специјално изработено за големиот ден. Актерката во интервјуто изјавува дека дизајнерот Маси го доживува како член на семејството и тоа дека не можела да замисли некој друг да ја изведи венчаницата. Донатела Версаче исто така на социјалната мрежа Твитер испрати честитки и порача дека нејзината славна клиентка изгледа сензационално.
Бред пак, објаснува дека на венчавката заборавил да ја понесе планираната вратоврска , но позајмил едена од синчињата. Тој прокоментирал и дека интимната семејна забава за него претставува полно срце со среќа. Освен што ги изработија цртежите од велот на нивната мајка, секое од шесте деца имале своја улога.
Пакс бил задолжен за свадбената торта и да ја допрати мајка си до олтарот заедно со Медокс. Зехра и Вивијен пак биле задолжени за конфетите што сами ги изработиле, додека Шајло и Нокс ги носеле бурмите. Бурмите сепак, останаа дело на Роберт Прокоп кој го изработи и вереничкиот прстен вреден половина милион долари.