Хајди Клум провоцира во долна облека со сопствен потпис

15 јануари 2015

Откако ја воодушеви светската јавност со своето беспрекорно и гламурозно појавување на црвениот килим на Златен Глобус, сега убавата Германка во провокативно секси издание ја промовира својата прва линија на долна облека.

По се изгледа самодовербата е најсилната страна на популарниот модел, а за тоа сведочат многуте реклами каде таа се појавува најчесто во разголено секси издание. Првата колекција е изработена во соработка со австралискиот бренд за долна облека Бендон, а кампањата  кампањата од зад камерите ја потпишува фотографот Џон Раникн.

Парчињата од првата колекција се инспирација од романтично патување на Клум во Франција и ја носат есенцијата на парискиот шмек.

-Отсекогаш го сакам позирањето во долна облека, а уште повозбудливо беше што пред камерите носам прекрасни парчиња на кои стои моето име, изјавува Хајди Клум.

Инаку, првиот договор како модел, таа го потпишува во далечната 1992 година, а популарна стана и како ангел на Викторија Сикрет и како член на жирито во шоуто Proect Runway.

Објавено:
15 јануари 2015
Категорија: 
Сцена