Хилари Свонк, 48, стана мајка на близнаци

10 април 2023

Оскаровката Хилари Свонк роди близнаци. Иако датумот на породувањето не беше објавен, актерката на Инстаграм сподели преслатка фотографија како ги држи своите бебиња и го гледа зајдисонцето.

Гордите родители Хилари, 48 и сопругот Фили Шнајдер се заедно од 2016 година, а во брак стапија во 2018-та.

Актерката сподели дека процесот не бил лесен, но дека се пресреќни благодарни што добиле и момче и девојче.

Откако за прв пат ја објави бременоста Хилари одвреме навреме споделуваше фотографии со фановите на Инстаграм.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank)

Објавено:
10 април 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
378 пати