Меган и Хари вљубени и „стиснати“ под еден чадор е фотографијата за која се зборува. Имено, двојката пристигна во Лондон да ги изврши последните кралски должности, пред официјално да се повлече од кралското семејство.
Таа одлука ќе стапи на сила на крајот на месецов, поточно на 31 март.
Фотографијата под чадорот стана вирална, а многумина коментираа дека изгледаат среќни и вљубени како никогаш до сега.
Со оглед на тоа дека ова беше прво заедничко официјално појавување на двојката откако најавија дека се повлекуваат од британското семејство и се откажуваат од титулите, предизвикаа големо внимание.
Присуствуваа на доделувањето на воените награди, а изгледаа навистина холивудски.
Маркл се појави во тесен тиркизен фустан што ја следи линијата на телото од модната дизајнерка Викторија Бекам, во комбинација со тегет клач-чанта и чевли на висока потпетица. Задниот дел е со патент. Принцот Хари ѝ парираше со темносино одело.
Инаку, Хари, кој има десетгодишна воена кариера, ќе ги задржи чиновите на мајор и поручник командир, но неговите почесни воени позиции ќе бидат суспендирани.
На настанот тој им се обрати на присутните потенцирајќи дека е горд што ѝ служел на кралицата и на Британија.
„Еднаш ако служиш, засекогаш ќе служиш", рече тој и додаде дека голем број припадници на армијата, и мажи и жени, му кажале дека „му го чуваат грбот".
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
фото: @hrhofsussex;