Тимот на светските модните магазини покрај тоа што овој период ги интензивира насловните страни со големите имиња од моделската фела, во никој случај ни за момент не пропушти од насловните да ги привлече читателите со ликовите на блескавите холивудски дами. Дека секогаш е приоритет моменталната актуелност на главните протагонисти од првата страна, е доказ најновата насловна на магазинот „Intervew“. Откако официјално се промовираше филмот „Градот на гревот“, можеше да се погодува дека австралиската убавица Никол Кидман кога тогаш ќе се појави на некоја насловна.
И не само тоа, туку и комплетната инспирација на фотографот Стивен Мејсел од едиторијалот на внатрешните страници, е насочена токму од продолжението на филмското остварување каде игра Кидман. Едиторијалот ќе Ве натера да си поставите неколку прашања и тоа во контекстот која е причината за тоа што од фотографиите модата е помешана со насилство?
Всушност, не станува збор за никаква контроверзија, туку идејата на Никол Кидман е преку ваквите фотографии да привлече внимание кон проблемот со постоењето на насилството врз жените. Сигурно е дека преку овој едиторијал многу читатели ќе се заинтересираат да го погледнат и филмот.
Чест случај се и истите славни ликови последователно да бидат избрани за лица од насловните, бидејќи магазините знаат и да се инспирираат и едни од други.
Магазинот „Intervew“ минатото издание ја избра актерката Кристен Стујат, која се појави во непрепознатливо мистично издание, за овој месец повторно да биде избор од насловната, но на магазинот од француското издание на „Vanity Fair“.
Стујарт позира пред фото-објективот на Себастијан Ким, а засиленото појавување на насловни е проследено со нејзината улога во драмата „Clouds of Sils Maria“. Маладата холивудска бунтовнична носи креација од висока мода на Шанел од последната колекција, а одлично и прилега и новата кратка фризура.