Vogue повторно на удар поради насловната

23 јули 2015

Насловната страна на американското издание на Vogue за август месец предизвика големо внимание. Никол Кидман е лицето за овој месец, но тоа не е единствената причина поради која на социјалните мрежи и во медиумите постојано се зборува.

Имено, актерката на насловната страна носи креација од Марк Џејкобс. Задоволен од соработката, тој ја сподели фотографијата, но предизвика лавина негативни коментари.

Лошата фотошопирана обработка на фотографијата побуди бројни незадоволства на изгледот на Кидман. „Воопшто не треба да ставаат нејзина фотографија, ако веќе ѝ прават сосема нов лице“; „Што е со нејзиното лице?!“; „Изгледа смешно и неприродно“, се само дел од коментарите. Инаку, за насловната фотографија беше задолжен фотографот Патрик Демарчелиер.

Освен насловната, овој број на магазинот содржи и интервју во кое таа зборува за професијата, ненадејната смрт на татко ѝ, бракот со Том Круз и документарниот филм за скиентолошката религија, во кој таа не зема учество, како и новото остварување „Кралица на пустината“. Тоа е биографско дело за британската истржувачка и археолог Гертруд Бел, кое се снимаше во Мароко.

За време на снимањето, да присуствува на сетот имаше фотографот Питер Линдберг, кој се инспирираше од приказната и создаде едиторијал, кој Vogue го пренесува.

Инаку, ова не е првпат Vogue да се најде на удар поради насловните страни. Ким Кардашијан, Рене Зелвигер се само дел од ѕвездите што со својата појава и обработени фотографии привлекоа голема прашина.

Објавено:
23 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.746 пати