Ова се најконтроверзните насловни страни

18 ноември 2014

Она што при првиот поглед ќе ве привлече да купите некое списание е неговата насловна страна. Затоа, неретко светските магазини се служат со фотографии што ќе предизвикаат шок. Некому можеби нема да му се допаднат, некого ќе воодушеват, но во секој случај никого не го оставаат рамнодушен, што воедно е и целта.

Ем-Ти-Ви направи листа на најконтроверзните, а ние ви ги претставуваме во продолжение:

1

Џон Ленон и Јоко Оно - Rolling Stone, Јануари 1981: Оваа фотографија е дело на Ени Лебовиц, а насловната страна е една од најшокантните на овој магазин, направена неколку часа пред убиството на Џон.

2

Деми Мур, Vanity Fair, Август 1991: Ени Лебовиц исто така ја фотографираше Деми Мур бремена и гола за насловната страна на Vanity Fair. Оваа поза и насловна потоа беа ископирни од многу познати ѕвезди меѓу од Бртини Спирс до Џесика Симпсон.

4

Кање Вест, Rolling Stone, Фебруари 2006: Ако мислевте дека овој потег на Кање е нешто најново, се излажавте. Кање уште од 2006 година се осмели да биде верзија на Исус Христос, макар на насловна.

5

Џенифер Анистон, GQ, Јануари 2009:  Анистон соблече се од себе, освен вратоврска, и така позираше за насловната страна на машкиот магазин, пред објективот на Мајкл Томпсон.

6

Линдзи Лохан, Purple Fashion, пролет 2010; Фотографија на Тери Ричардсон и уште една интерпретација на тема Исус.

7

Лејди Гага, Vogue Hommes Japan, Септември 2010: Уште една фотографија на Тери Ричардсон, кој овој пат ја обвитка Лејди Гага во месо, што предизвика мноштово реакции кај поборниците за правата на животните. Но, Гага не застана тука, па истата година на MTV  видео наградите се појави во тоалета од месо.

8

Александар Скрсгард, Ана Пакин и Стефен Мојер, Rolling Stone, Септември 2010. Месо па крв. Двајца голи мажи и девојка во средина е тема за која секогаш се зборува, но кога тие се „извалкани“ во крв, замисла на фотографот Метју Ролстон, тогаш и темата и фотографијата стануваат контроверзни.

10

Азелија Бенкс, Dazed&Confused, Спептември 2012: Шариф Хамза ја фотографираше Азелија Бакс како дува кондом. Веројатно промовира сигурен секс, нели?

12

Ријана, Lui, мај 2014: Марио Соренти ја фотографираше РиРи за францускиот магазин во топлес издание.

13_0

Ким Кардашијан, Paper, Декември 2014: Ким Кардашијан со тело цело облиено со масло, и откриен задник е фотографија на Жан Пол Гуд. Некои се згрозија, некои воодушевија, но Ким и овој пат никого не остави рамнодушен.

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Сцена