Адел, Ленон, Принс – Најпознатите портрети на врвната Ени Лебовиц

22 декември 2017

Пред нејзиниот објектив позирале најголемите ѕвезди, од Џон Ленон, Кит Ричардс, Мик Џегер, до Анџелина Џоли, Адел, Леонардо Дикаприо и Принс.

Таа е кралица во светот на фотографијата – маестралната американска фотографка Ени Лебовиц.
Таа го фотографираше Ленон на денот кога е извршен неговиот атентат, исто како и сега веќе легендарната насловна на Вог со Ким и Канје, а е првата жена која имала изложба во National Potrait Gallery во 1991 во Вашингтон.

По завршувањето на студиите за сликарство, Ени се посветува на фотографијата. Нејзините први професионални ангажмани се поврзани со магазинот Rolling Stones каде од 1073 година била главен уредник на фотографија, цели десет години. Паралелно работела и како freelance фотограф, специјализиран за величествените портрети на познатите.

До сега се издадени неколку публикации со нејзини фотографии. Најновата книга е насловена Annie Leibowitz: Potraits 2005-2016, во која акцентот е ставен на некои од нејзините најславни портрети. По тој повод, магазинот Elle одбра неколку од нејзините најпознати портрети:

Објавено:
22 декември 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
422 пати