Ени Либовиц - легендарен фотографски виртуоз чии фотографии го раскажуваат животот

3 октомври 2014

Ени Либовиц

Генијалниот фотографски виртуоз, Ени Либовиц  вчера го прослави својот 65 – ти роденден и со тоа се вброи во легендите кои со својата импресивна работа ги поставија темелите и сведочат за една неверојатно плодна фотографска ера.

Успехот нема граници. Наградите, признанијата и позитивните критики не ви гарантираат место во светската историја на кинематографијата, музиката или модната индустрија. Но, сите оние кое барем еднаш се нашле пред неговиот објектив, останале да постојат засекогаш.

Ени Либовиц фотографирана во 1975 година додека работи за списанието Rolling Stone Ени Либовиц фотографирана во 1975 година додека работи за списанието Rolling Stone

Ени е трето од шестте деца во семејство на татко офицер и мајка професорка по танц. Пред да го насочи фотографскиот дурбин кон познатите личности, Либовиц правеше фотографски приказни со членовите од своето семејство. Тие беа главните протагонисти во нејзините кадри чии портрети подоцна и ќе ги објави во склоп со една од многуте светски изложби кои ги има направено и тоа рамо до рамо со ликовите на холивудските диви и џентлемени.

„Мојата постара сестра Сузан, мразеше кога ја фотографирав, а мајка ми пак ја обожаваше атмосферата кога јас сликав и ни правеше домашни видеа. На едно од видеата може да видите како Сузан плаче и тропка со нозете бидејќи одбиваше и не сакаше да ја фотографирам“, вели Либовиц во едно од своите интервјуа.

Првата сериозна работа фотографката ја добива во списанието „Rolling Stone“, во чиј тим се приклучува додека сè уште студира на Институтот за уметност во Сан Франциско. Работата во списанието „Rolling Stone“ ќе одигра клучна улога во кариерата на Либовиц. И покрај фактот што работела како главен фотограф сепак, во тимот на магазинот ќе биде само до 1983 година, а потоа своите вештини ќе ги „остри“ во списанието „Vanity Fair“. Фотографијата која ќе ја одбележи нејзината фотографска приказна е насловната на „Rolling Stone“, каде ги слика членот на групата Битлси, Џон Ленон и неговата сопруга Јоко Оно. Сетот на снимањето се одвивал во куќата на Џон Ленон.

Фотографија на Сузан Сонтаг Фотографија на Сузан Сонтаг

Ени Либовиц е една од ретките личности за чија работа и професионално однесување зборуваат делата и производите кои ги има создадено. Малкумина знаат за соработката на Ени Лејбовиц и писателката Сузан Сонтаг. Резултатот е нивната заедничка книга „Woman“ (Жени)  која ја придружуваат есеите на Сонтаг и фотографиите на Либовиц. Нивната заедничка соработка беше амалгам од постојаните заеднички патувања, собири, животот во Њујорк и голем број други дружења. Нивното пријателство го „раскина“ смртта на писателката Сонтаг во 2004 година. Лејбовиц во нејзина чест постхумно организираше изложба со фотографии од последните денови живот на писателката.

Фотографија на Сузан Сонтаг Фотографија на Сузан Сонтаг

Друг интересен факт од животот на фотографката е дека и покрај тоа што таа работи во списанието „Vanity Fair“, му останува верна и на тимот од магазинот „Rolling Stone“. Таа во исто време работи и на неколку рекламни кампањи за кои е приватно ангажирана што од познати музички ѕвезди и актери што од модни дизајнери. Особено е оригинална и мошне почитувана нејзината работа за списанието „Vogue“.

„Ми се допаѓаат и оние задачи кои имаат политички карактер, бидејќи политичарите ги сметам за крајно нечувствителни личности и ми претставува голем предизвик буквално да ги „ловам“ нивните фацијални експресии. Во тој контекст водечки лик ми е Хилари Клинтон, за тоа што таа успева да ги скрие нејзините чувства и емоции, а сепак моите фотографии откриваат огромна болка во нејзиниот поглед. Горда сум на тие дела, навистина“, открива Либовиц во едно од своите интервјуа.

Шерон Стоун, Анџелика Хјустон и Дајан Лејн, фотографирани за списанието Vanity Fair во Лос Анџелесво 2006 година Шерон Стоун, Анџелика Хјустон и Дајан Лејн, фотографирани за списанието Vanity Fair во Лос Анџелесво 2006 година

Мислењето на голем број експерти и луѓе кои чија пасија е фотографската перцепција велат дека Либовиц не фотографира само луѓе, таа фотографира живот и создава безвременски кадри кои немаат рок на траење.

„Јас ги фотографирам нивните животни моменти, Мајкл Џексон, Лајза Минели, Ричард Никсон, Џон Ленон, па се до Кети Пери, Мајли Сајрус и Елизабета Втора и многу, ама многу други кои засекогаш ќе живеат во моите „чеда“, фотографиите“, завршува фотографката.

Леонардо Ди Карпио фотографиран на ранч во Калифорнија од Ени Либовиц во 1997 година Леонардо Ди Карпио фотографиран на ранч во Калифорнија од Ени Либовиц во 1997 година

Објавено:
3 октомври 2014
Категорија: 
Портфолио