Хрватка во финале за кампања на Marc by Marc Jacobs

3 октомври 2014

По успешниот натпревар за избор на заштитно лице за есенската колекција за 2014 година преку Инстаграм, брендот реши да ја спроведе истата тактика за пролетната кампања. Новиот натпревар беше затворен на 26- ти септември. До тогаш сите заинтересирани можеа да ставаат фотографии на Инстаграм со хаштаг #castmemarc, а меѓу нив е и Хрватката Ника Остоиќ, која влезе директно во финалето. Ника има 28 години, има докторирано на отсекот на информатички науки и работи за хрватското издание на магазинот Плејбој.

„Објавив неколку фотографии на својот профил на Инстаграм со хаштагот #castmemarc и без никаква намера и очекувања заминав на спиење и заборавив на се. За два дена ми стигна порака во која пишуваше дека сум влегла во финалето за заштитно лице на кампањата. Морам да признавам дека сум шокирана бидејќи не верував дека ќе бидам избрана меѓу илјадниците девојки кои се пријавија на натпреварот“ – напиша Ника на својот профил на Фесбук.

Ника повремено се занимава со манекенството, а останува да видиме дали ова ќе биде нејзин билет за промоција на светската модна сцена. Победникот ќе замине во Њујорк на снимање со фотографот Дејвид Симсон, за кампањата на модниот бренд Marc by Marc Jacobs

Објавено:
3 октомври 2014
Категорија: 
Сцена