Имотот на Версаче во Мајами оди на аукција

18 јули 2013

Имотот на Џани Версаче со десет спални соби во Мајами на 17 септември оваа година оди на аукција. Според информациите, продажбата ќе се одржи во самата палата со површина од околу 2000 метри квадратни.

 

 

Покојниот дизајнер прв пат ја купил оваа огромна куќа во Оушн Драјв во 1993 година, а на нејзиното реновирање потрошил цели 33 милиони долари. Втиснување на свој печат во поглед на уредување на собите во стилот на Версаче украсени со рачно изработени уметнички слики и фрески, мермерни статуи и изработка на 54 метри долг мозаик во базенот украсен со 24 каратно злато.

 

 

Во 1997 година пред истата оваа палата Џани Версаче беше убиен од страна на Ендру Кунан. Огромната куќа се вика Casa Casiarina и е на продажба од 2012 година со својата оригинална цена од 125 милиони долари. Цената од тогаш па се до ден денес е намалена на 75 милиони долари.

 

Објавено:
18 јули 2013
Категорија: 
Сцена