Изложба - Ролинг Стоунс низ фотографии

15 декември 2014

Обожавателите на култните рокери Ролинг Стоунс, изминатата сабота во Лос Анџелес имаа можност да ги погледнат сите фотографии на легендарните музичари,  документирани во време на 60-тите и 70-тите. Домаќин на изложбата насловена  „Ролинг Стоунс низ фотографии“, беше фотографот Дејвид Бејли, а освен изложеното фото -музичко патување, вечерта беше повод и за промовирање на новата книга посветена на иконските Мик, Кит, Чарли и Рони.

 

Збирката фотографии покрај оние на Бејли, ги вклучува и фотографиите на фотографите Геред Манковитз и Итан Расел , кои во тоа време ја имале привилегијата да бидат дел од светот на една од најпопуларните рок бендови во историјата.

Фотографот Итан Расел Фотографот Итан Расел

Изложбата на некој начин претставуваше магичен момент  на бендот кој половина век има армија обожаватели ширум светот. Меѓу оние што се појавија на изложбата во галеријата Taschen, беа и актерот Арнолд Шварценегер, Џек Николсон, пејачот Стивен Тајлер и други.

Стивен Тајлер Стивен Тајлер

Арнолд Шварценегер Арнолд Шварценегер

Дејвид Бејли и Џек Николсон Дејвид Бејли и Џек Николсон

 

 

 

Објавено:
15 декември 2014
Категорија: 
Сцена