Без разлика што голем број фанови сметаат дека генетиката е „виновна“ за феноменалниот изглед на Перминова, сепак челните лица на магазинот сметаат дека одлучувачки фактор има напорната работа и мотивацијата за фит изглед. Во интервју за Вог, Елена открива детали кои се клучни за секоја идна мајка.
Пред бременоста Елена ја одржувала телесната конституција со редовни фитнес тренинзи, но со стапување во блажена состојба, морала да прекине од медицински причини. Иако докторите и рекле дека со спортување може да започне три месеци по бременоста, поранешниот модел започнала по две недели од породувањето, кое било со царски рез. Благодарение на претходните тренинзи, не било потребно многу време за повторно да се врати во совршена форма.
Перминова признала дека не е голем фан на спорот, но дека има голема мотивација за да изгледа фит. Токму затоа, пред тренинг замислува какви резултати сака да постигне, а тоа и е доволна мотивација, за ја следи работата на голем број тренери, кои своите видеа со вежби ги поставуваат на своите фан страни на Фејсбук или Инстаграм. Во тој контекст, таа сака да истакне дека не е неопходно да имате личен тренер, туку дека може да ги искористите можностите на интернетот, за да ја добиете посакуваната телесна форма.
Диетите воопшто не се дел од начинот на кој ја одржува својата тежина. Перминова внимава на храната која ја внесува, со тоа што преферира здрава исхрана, наместо претерувањето со колачи, кои предизвикуваат целулит и акни. Од неодамна дел од нејзината исхрана е „Orthomol Natal“ кој содржи јод, магнезиум, калциум и Омега 3 масни киселини.
Одржувањето на кожата во текот на бременоста е клучна бидејќи во текот на деветте месеци ја губи хидратацијата. Токму затоа, за одржување на хидратацијата, Елена го препорачува балсамот за усни Lucas' Papaw и тоа не само на усните, туку на целото лице. За сувата коса ги препорачува ампулите Hair Mineral Relax by Aldo Coppola, а за стриите, гелот Rose de Mer од изрелскиот бренд Christina и кремата La Mer, која ја користела цели девет месеци.
Во однос на шминката и фризурата, Елена Перминова смета дека сега секоја мајка може да изгледа модерно, благодарение на спортската елеганција која е ин. Тоа е во прилог бидејќи овозможува играње и прошетки со децата, а истовремено лежерност и комфорност во движењата. Во однос на изгледот, акцент става на разресените фармерки, маицата, патиките и колку што е можно негување на природниот изглед. Во однос на косата, Перминова смета дека е доволна волуменозност на косата, без правење на некои поформални фризури.