Како еволуираше стилот на Марго Роби

6 април 2023

Марго Роби ја стартуваше својата холивудска слава пред 10 години, кога глумеше заедно со Леонардо Ди Каприо во филмот The Wolf of Wall Street на Мартин Скорсезе.

Потоа се нижеа улоги, секоја различна од другата, што ѝ овозможија да го покаже својот талент. Една од незаборавните улоги на Роби е портретирањето на Харли Квин во Suicide Squad.

Потоа ја видовме во Bombshell, за кој што имаше наминација за Златен глобус и Оскар. Марго беше одлична и како Шерон Тејт во филмот на Тарантино Once Upon a Time in Hollywood, каде повторно играше заедно со Ди Каприо.

 Прекрасната актерка во 2021 беше номинирана за Оскар, но овој пат како продуцент за A Promising Woman, којшто се закити со BAFTA награда за најдобар филм.

Годинава Роби е повторно актуелна, како главна протагонистка во Barbie.

Покрај нејзината природна убавина и талент, Марго е дама која ја воодушевува публиката и на црвениот тепих.

Долги и елегантни тоалети се нејзиниот заштитен знак, но можеме да ја видиме и во поинакви изданија како кожни панталони, но и опуштен кежуал стил.

Како изгледаше Роби низ годините, и кои се нејзини омилени дизајнери, во продолжение.

Том Форд

Родарте

Шанел

Миу Миу

Шанел

Шанел

Шанел

Шанел

Шанел

Жакемус

Шанел

Шанел

Шанел

Шанел

Ботега Венета

Ботега Венета

Шанел

Ботега Венета

Армани

Валентино

Фото:Getty/Vogue

Објавено:
6 април 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
309 пати