Како „Грдата Бети“ го засака своето тело

24 април 2017

... Со вежбање. Актерката Америка Ферера, најпозната по хит серијата „Грдата Бети“, неодамна со јавноста сподели како отсекогаш имала проблем да го прифати своето тело.

Таа неделава наполни 33 години и по тој повод на Истаграм сподели фотографија во спортска облека, која има преку 15.000 допаѓања.

„На 33 години, конечно разбрав дека моето тело е чудо! После толку многу години критицизам и казнување, лишување и запоставување за она што моето тело не е, јас сега планирам да го сакам безусловно такво какво што е. Ти благодарам тело мое што 33 години стоиш со мене дури и кога јас не бев на твоја страна. Ветувам дека од сега натаму дека ќе бидам твој сојузник и ќе се соочам со сите критики и глупости кои одвлекуваат внимание (и внатрешно и надворешно), за да можеме да се движиме кон убавото и да го разбереме бизнисот на живеењето!“, пишува Ферера под фотографијата.

Таа уште додаде дека ќе се труди секогаш да биде опкружена со луѓе што ќе ѝ помогнат да го слави здравјето!

Инаку, таа неодамна беше дел од два триатолон натпревара, а ако го разгледате нејзиниот Инстаграм профил, ќе забележите драстична разлика во имиџот од времето кога за првпат се појави во јавноста.

Денес има куса, модерна фризура, одлично тело и според погоре кажаното, сосема нов став кон животот, телото и убавината.

 

 

 

 

 

 

Објавено:
24 април 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.927 пати