Како и каде живее Тамара Мелон

18 октомври 2014

Една од најуспешните жени во модната индустрија и една од основачките на луксузниот бренд Џими Чу, Тамара Мелон пред неколку години ја напушти познатата модна куќа со амбиции да основа сопствен бренд.

Оваа 47-годишна бизнис жена, своето интимно, домашно царство го гради на две различни адреси. Поседува два луксузни апартмани, едниот во Лондон, а другиот во Њујорк и без сомнеж и двата се уредени дизајнерски, со атрактивен мебел кој прецизно го отсликува нејзиниот сензибилитет во просторот.

Карактеристично е што нејзините домови се пространи, осветлени, со дозирана романтичност, а она што го доловува нејзиното присуство во секој сегмент се многуте детали и предмети кои се интимно приврзани со нејзината личност.

 'Tamara Mellon' in New Y

 

 

Објавено:
18 октомври 2014
Категорија: 
Сцена