Тамара Мелон претендира кон кршење на модните правила

12 мај 2014

Кога поранешната креативна директорка на компанијата Џими Чу, Тамара Мелон објави дека дава отказ и  е во план да лансира сопствена линија, модниот свет од неа имаше високи очекувања во тој поглед, а таа им врати со колекција  која никого не разочара. Токму самостојните почетоци ја наведуваат да прекрши некои од основните правила во модната индустрија за кои неодамна проговори во интервју за еден странски медиум. Таа вели дека има нова стратегија во лансирањето на колекциите односно се води според мотото „купи сега и носи сега“, во превод тоа значи дека Мелон има планови да лансира парчиња за тековната сезона, односно облека што тековно им е потребна на купувачите.

-Сакам моите парчиња кои се изложени во продажните салони да се поклопуваат со времето надвор. Секако за да можете да функционирате така како бренд мора да воспоставите конкретен бизнис план, а во однос на реклама сметам дека најдобра варијанта  е интернетот, односно социјалните мрежи, а јас директно сакам  разговор со клиентите, вели Мелон.

Инаку, Мелон отстапи од позицијата на креативна директорна на Џими Чу во 2011 година.

 

Објавено:
12 мај 2014
Категорија: 
Актуел