Како наши познати дами ги носат пролетните трендови?

20 април 2021

Секојдневно ве инспирираме и ви ги презентираме актуелните модни трендови. Но, секогаш е поинтересно кога ќе видите и како тие можат да се носат, односно кога ќе видите практични примери.

Ние овој пат, такви побаравме кај нашите познати дами.

Секојдневно на социјалните медиуми сведочиме на разни фотографии и модни комбинации од познатите, а овој пат, вниманието го свртевме кон тоа кои актуелни пролетни трендови ги носат и на кој начин.

Од она што го видовме заклучокот е дека доминираат оделата, ведрите бои, посебно розови нијанси и виолетови.

Дел од познатите дами ја преферираат спортската естетика и монохроматскиот изглед, додека пак, на други бохо модниот израз одлично им прилега.

Ние одбравме неколку примери во продолжение, погледнете ги:

 Каролина ретко кога може да се види во интензивен дезен или принт. Нејзините комбинации се секогаш сведени, а ова е уште еден пример за тоа. Црн џинс во комбинација со патики и црна блуза односно црн капут е монохроматски, минималистички, воедно тренди изглед, со кој речиси и да нема грешка.

 

Драгана Левенска пак, е пример за тоа како бохо естетиката може да го најде своето место во пролетните денови. Веќе сезони наназад дизајнерите се инспирираат од 1970-тите години, применувајќи ја таа естетика и во ова модерно време. Овој цветен фустан во виолетови нијанси, кои се апсолутен хит пролетва и две ленти во предниот дел со етно мотив се супер избор за првите сончеви денови. Актерката си поиграла со контрасти, па со оваа темновиолетова нијанса искомбинирала чизми и ремен-чанта во окер нијанса и така создала впечатлив и интересен стајлинг.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tanja Antic (@tanjaantik)

 Тања Антиќ е една од најдобро облечените жени во Македонија, а овој пат вниманието ни го привлече со овој монохроматски изглед кој е составен од црн фустан со прв крој, збогатен со долги свилени реси во долниот дел, кој во себе содржи елегантна нота. Го искомбинирала со кратка кожена јакна, едно од парчињата што секој од нас би требало да го има во својот гардеробер и на тој начин вметнува и рок естетика. Изгледот го заокружува со чевли со висока потпетица и чанта. Многумина ја сметаат црната боја за сигурен избор, па дури и монотон, но еве пример како може да биде и интересен.

 Антониа Гигоска има интересен стајлинг во минт нијанса, исто така една од актуелните сезонава. Таа комбинира спортско здолниште на ластик со кроп-топ и oversized блејзер. Блејзерот е ризичното парче во случајов, но таа умее да го носи. На сето тоа додава бели високи чизми - тренди, но смел моден избор. Уште еден пролетен тренд што го има на себе е синџир-ѓерданот (кој може, а и не мора да биде присутен во случајов), како и очилата за сонце во ретро естетика.

 

Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ на фотографијата ја гледаме во широко одело во свежа портокалова нијанса. Моден погодок имајќи предвид дека оделата во боја се хит; а особено оние со поширок крој. Златните линии од стран на панталоните даваат истовремено и елегантна нота, па токму затоа и изборот на чевли совршено се вклопува во случајов.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @victorialoba)

Уште еден пример за одело во боја, но овој пат со дворедно закопчување. Го носи Викторија Лоба и е во пастелно розова нијанса. Панталоните се со широк крој, што е апсолутен хит и добар пример ако сакате елегантен изглед, а да не сте во фустан.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zoi Blaz Official (@zoi.blaz)

Зои Блаж на оваа фотографија носи црно-бела комбинација составена од кошула и фустан со карактеристичниот кариран принт, а изгледот го дополнува со чизми и црн шешир.

 

Актерката Јана Стојановска изгледа неверојатно отмено и елегантно. Таа се одлучила за металик костум од панталони и блејзер со неверојатно лежерен крој. По блејзерот ѕирка тантела која дава дополнителен сексапил на комбинацијата, а истата е заокружена со црни салонки.

 

Кај пејачката Ања Ветерова џинсот е неизоставен моден тренд. Таа го надополнува до тегет ролка и блејзер во темно зелена боја. Мини чантичката во нејзината рака дава дополнителен луксузен шарм на опуштениот изглед. 

Која е вашата омилена комбинација?

Објавено:
20 април 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
851 пати