Како носиме тантела во лето

8 јули 2024

Тантелата ја гледаме во секое годишно време, но летото е моментот кога најмногу доаѓа до израз.

Особено впечатливи се фустаните од тантела и тоа најчесто во бела боја, нијанса која што исто така оди рака под рака со топлите денови.

Можеби тантелата порано се сметаше за дел од стајлингот на романтичните дами, но денес ова не важи.

Можеме да ја комбинираме со разни парчиња облека и модни додатоци и да креираме изглед којшто во целост ја одразува нашата личност и преференции. 

Тантелата е составен дел и од бохо стилот, којшто исто така станува многу актуелен во летната сезона.

Освен фустани, носиме и маички од тантела, здолништа со различна должина, панталони долги или кратки, а неретко ја гледаме и на наметки коишто дополнително го разигруваат ауфитот.

Понекогаш е доволно само едно мало парче од овој материјал за убав финиш на стајлингот. 

Во продолжение нашиот мал фото водиш за тантела во лето.


 

Фото: Pinterest

Објавено:
8 јули 2024
Категорија: 
Сцена