Веројатно и вие викендов уживавте со семејството и поминавте супер моменти, но сигурно имавте малку време да погледнете што се случува на социјалните мрежи.

Покрај ултра популарниот фестивал Коачела, Инстаграм беше преполн со фотографии од познатите за празниците, облечени во шик комбинации, уживајќи на уште поубави дестинации.

Мараја Кери со семејството

Велигден за многумина е еден од најубавите празници, поради бројни причини. Некои семејства сакаат да се облечат во своите најубави алишта и да одат во црква, други деновите да ги поминат со најблиските, некои уживаат во вкусни јадења, а познатите одат на лов на јајца.

Најслатки дефинитивно беа нивните дечиња од кои можевме да видиме и најмногу фотографии на социјалните мрежи.

Адриана Лима

Она што е навистина интересно е тоа што можеме да ги видиме познатите во едно сосема поинакво светло, уживајќи во едноставни работи за време на празниците како и сите останати.

Кели Роланд, Тина Ноулс, Бијонсе

Голем дел од нив Велигден го поминаа на светски познатиот фестивал Коачела каде се појавија во претежно бохо комбинации како и секоја година.

Вистинска дама за празникот беше Меланија Трамп која за прославата во Белата куќа се појави во розов фустан и балетанки во иста нијанса, а подеднакво прекрасна беше и принцезата Кетрин Мидлтон која се одлучи за неодоливо бело палто и шапка и потпетици во иста нијанса.

Во галеријата погледнете ги највпечатливите моменти од празникот и како познатите го прославија истиот.

Објавено:
18 април 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.454 пати