Викендов припадниците на католичката вероисповед го прославија големиот празник Велигден во друштво на своите семејства и секако најблиските.
Сосема очекувано, познатите ѕвезди направија безброј фотографии со кои ги преплавија социјалните мрежи, а сите изгледаа навистина беспрекорно во супер пролетни стајлинзи.
Како и секоја година, ѕвездите заедно со своите дечиња ги посетија најпознатите локации каде се случува традиционалниот настан Easter egg hunt, каде секое семејство се забавува барајќи ги скриените јајца.
Меѓу оние кои уживаа со своите најмили беа и Бијонсе и Џеј Зи кои со нивната ќеркичка Блу Ајви беа дел од настанот во Белата куќа. Таа се појави во супер пролетна комбинација од колекцијата на дизајнерот Марко де Винчензо.
Во стилски комбинации се појави и семејството Кардашијан, а девојките одбраа претежно бели и нежни стајлинзи со кои го прославија и доаѓањето на пролетта.
Подеднакво прекрасна беше и актерката Рис Витерспун која за празникот одбра фустанче со бела основа и птици во виолетова боја по површината.
Пролетно расположена беше и убавицата од Викторија Сикрет, Алесандра Амбросио која го прослави празникот со нејзините дечиња, сопругот и домашните миленици.
Во галеријата погледнете ги прекрасните пролетни стајлинзи во кои познатите ѕвезди го поминаа овој Велигден.