Канскиот филмски фестивал го врати вистинскиот гламур на црвениот килим.
Деновиве, додека трае неговото 75-то издание, уживаме покрај другото и во содржината на црвениот килим. Барем од дистанца.
Дефиле на раскош, традиција, гламур, елеганција каква што му доликува на едно вакво престижно случување.
Од сребрената тоалета на Луј Витон што ја носеше Џенифер Конели на европската премиера на „Топ Ган: Маверик", до плеадата фантастични црни класични, но ни малку досадни тоалети, што ги видовме во текот на овој викенд.
Бела Хадид, Џулиен Мур, Наоми Кембел, Кара Делевињ, Емили Ратајковски беа меѓу дамите што се одлучија за црни тоалети, а истовремено сигурно беа и меѓу највпечатливите.
Но, покрај официјалниот дел на црвениот килим, сликата ја прави комплетна и неформалната програма која го вклучува и „дневниот" стилски избор на гостите, не помалку впечатлив од вечерниот.
Во галеријата во продолжение ви пренесуваме дел од најшармантните појавувања на црвениот килим.
Фото: Festival de Cannes