Кара Делевињ гола пред објективот на Марио Тестино!

29 септември 2014

Таа дефинитивно не престанува да нѐ изненадува! Една од најактуелните манекенки на денешницата Кара Делевињ, позираше гола пред објективот на Марио Тестино за магазинот Алур во рамки на традиционалното, Best of Beauty издание.

Со оглед на тоа што целото издание на октомврискиот број на магазинот Алур е посветен на природната убавина, на дел од фотографиите можеме да ја видиме Кара целосно гола со неколку значајни модни додатоци – хит за претстојната сезона.

На две од фотографиите, 22 – годишната убавица е фотографирана одблизу со сосема минимална шминка, претежно составена од висококвалитетна пудра што и го покрива лицето.

 

На сите фотографии, манекенката изгледа навистина прекрасно во неколку клучни парчиња како крзнена шапка, транспарентен колоритен мантил и шешир и секогаш со беспрекорна кадрава коса.

Во интервјуто објавено во магазинот, таа говори за нејзината љубов кон медитацијата, тетоважите, омилените производи за убавина и уште многу други работи во кои таа ужива.

Погледнете како излезе соработката помеѓу британската убавица и секогаш контроверзниот Марио Тестино за магазинот Алур.

Објавено:
29 септември 2014
Категорија: 
Сцена