Карин Ројтфилд советува: Задржете го индивидуализмот во модната глобализација

6 ноември 2013

Една од водечките фигури во модниот бизнис, уредничката и стилистка Карин Ројтфилд советува секогаш да го задржите индивидуализмот во градењето на вашиот имиџ во целата модна глобализација која секојдневно ни е наметната пред се преку различните современи медиумски форми.

И самата е пример за човек кој исклучително внимава на својот стил, пред се затоа што тоа и е и професионална определба, но и поради заштита на личниот идентитет.

-Моите пријатели-дизајнери секогаш сакаат да ми го променат стилот и ми препорачуваат нивни парчиња, но јас им велам не. Основа на целата модна филозофија е фустанот да му стои добро на вашиот карактер. Жената секогаш е позначајна од облеката, вели Ројтфилд во интервју за Телеграф.

 

Носете го она што ви одговара

Карин го споделува своето лично искуство дека последните 20 години се облекува на ист начин и му останала верна на препознатливиот стил, а единствено промената се однесувала на должината на здолништата. „Континуитетот во стилот покажува самодоверба. Јас имам само една модна личност, а тоа е Карин“, додава уредничката.

Нагласете ги своите позитивни страни

Секој има позитивни страни во својот физички изглед. Нагласете ги! Еве во примерот со Карин, таа за себе смета дека нејзини најдобри атрибути се нозете и веѓите поради што често може да ја видиме со темна шминка и потенцирани веѓи.

Не купувајте парчиња само затоа што се моментално тренди

Најчеста грешка која сите ја правиме – купуваме тоа што е моментален требд, без да размислиме дали следната сезона ќе најде примена во нашето секојдневие. Наместо тоа, најдобро е при изборот на парчиња да тргнеме од сопствениот стил и колку тоа што ќе го купиме одговара на нашиот карактер.

 

 

 

Објавено:
6 ноември 2013
Категорија: 
Сцена