Кендал Џенер е дел од новиот едиторијал на францускиот Вог

3 јуни 2014

Иако долго време кружена гласини дека наскоро ќе биде на  насловната на Вог следејќи ги стапките на нејзината сестра Ким, сепак сега за сега таа е дел од едиторијалот на францускиот Вог. Кендал Џенер заедно со уште две манекенки позира во парчиња од пред- есенските колекции на Прада и Живанши. За потребите на едиторијалот манекенките позирале пред објективот на фотографот Патрик Демаршеље, а за изгледот се погрижила стилистката Кејти Гранд, главен уредник на магазинот Love.

Прва која ја пласираше оваа новост во јавноста беше гордата мајка Крис Џенер, која на социјалните мрежи се пофалила дека нејзината ќерка е дел од едиторијалот за францускиот Вог за месец јуни/јули 2014 година.

Објавено:
3 јуни 2014
Категорија: 
Сцена