Модната принцеза за 2014 е... Кендал Џенер

10 септември 2014

Ова година е без сомнение година на младата Кендал Џенер. Деновиве е особено актуелна на Њујоршката модна недела, каде со својата, убавина, висина и идеални пропорции дефинитивно остави свој печат на пистата. Во понеделникот манекенката на модната сцена ги бранеше ѕвездените бои на Томи Хилфигер. Кендал се појави во две креации првата беше транспарентен макси фустан во сина боја со дезен на ѕвезди, а втората креација беа ултра кратки и „жешки“ панталончиња во комбинација со горен дел кој беше во форма на костим за капење. Вториот изглед дефинитивно јасно го нагласи сексапилот на убавата Џенер. Долгите нозе и рамниот стомак беа во преден план, а ѕвездите кои во вид на тетоважи ѕиркаа на нејзиното тело дополнително ги акцентираа нејзините и онака совршени атрибути.

Нејзината природна убавина и едноставност можеше да се забележи и зад сцената за време на подготовките за големото шоу на Томи Хилфигер. Кендал Џенер и Џорџија Меј Џегер се чини дека беа миленичките на дизајнерот, тие за време на поклонот но и после ревијата цело време позираа со дизајнерот.

И ако помисливте дека тоа се', почекајте малку и ќе дознаете уште една вест за убавата амазонка. За британската едиција на списанието „The Sunday Times Style“, Кендал Џенер на насловната страна, но и внатре на страниците на списанието ќе ја раскаже зимската модна приказна на модната куќа Балман. Креативниот директор Оливиер Рустајнг, одлучи Кендал да ја облече во мошне заводливи , елегантни и женствени парчиња од новата колекција есен-зима 2014 на Балман. Како завршница на комбинациите Кендал на фотографиите импресионира и плени со smokey – eyes шминка, едноставна плетенка и масивни обетки во златна боја.

„Има нешто моќно во нејзиниот поглед“, изјави креативниот директор кој исто така додаде дека е презадоволен од соработката со моделот.

Кендал Џенер „уловена“ низ Њујоршките улици Кендал Џенер „уловена“ низ Њујоршките улици

Се чини дека Кендал не може никако да се ослободи од папарацо фотографиите. После настапот на модната недела и едиторијалот за списанието „The Sunday Times Style“, медиумите ја прогласија и за најстилски урбан лик на Њујоршките улици. Кендал е забележана во неколку тренди, но пред се удобни и лежерни комбинации кои и соодветствуваат на годините но и комплетно се вклопуваат во нејзиниот стил.

Во продолжение погледнете ги фотографиите и за миг помислете како е да се биде Кендал Џенер.

Објавено:
10 септември 2014
Категорија: 
Сцена