Кендал Џенер освојува во црни латекс ракавици и зелен фустан

21 јануари 2023

 Кендал Џенер предизвика уште една бура позитивни реакции. Супермоделот на својата последна Инстаграм објава има стајлинг каде што главна улога играат црни ракавици од латекс.

Иако ракавиците беа своевиден тренд во годината што измина, изгледа дека ќе бидат со нас и во 2023та.

Судејќи според објавата на Кендал, познатите се сè уште опседнати со овој моден додаток, без разлика дали станува збор за кожни, чипкани, или ракавици обвиени со светки.

Покрај ракавиците тука е и елегантниот ретро, зелен фустан со кратки ракави кој што ја истакнува нејзината фит фигура.

Кендал го промовираше овој изглед на отворањето на нов Nobu ресторан во Дубаи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

Уште неколку моменти каде Џенер носи ракавици.

Фото: Instagram, Pinterest 

Објавено:
21 јануари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
297 пати