•
13 февруари 2023
Марк Џејкобс ја стартуваше својата најнова кампања за пролет-лето 2023, а главни ѕвезди на истата се Ирина Шајк и Кендал Џенер.
Фотографиите и видеата се снимани во Лос Анџелес под креативно водство на фотографот и режисер Тајрон Лебон, а супермоделите се појавуваат топлес со некои од клучните парчиња од новата колекција.
Кендал ја рекламира микро кожната tote чанта во бел корсет и пантолони што одговараат на стајлингот, додека Шајк е фотографирана со модел од најпродаваните Snapshot чанти од брендот.
Освен својот сексипил, двете девојки позираат со чевли на ултра висока платформа, накит со потпис на брендот и долна облека.
Моделите од новата колекција веќе можат да се купат на веб страната на модната куќа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: hollywoodlife