Изминатиов период низ медиумите имавте можност да прочитате плејада текстови за Кендал и да дознаете голем број информации што ги исполнија модните предвидувања дека таа на голема врата го освојува модниот свет.
Минатата недела, нејзиниот тим ја потврди информацијата дека таа е новото заштитно лице на козметичкиот гигант Есте Лаудер, а ќе ја видиме и во рекламната кампања за пролет 2015 на Шанел. Имено, Џенер ќе биде дел и од моделите кои ќе се појават на писта во новото модно шоу на Шанел кое ќе се одржи во Австрија на втори декември, истиот датум кога ќе се одржи и долгоочекуваното шоу на Викторија Сикрет во Лондон, кои таа ги одби за да биде на шоуто на Шанел. Исто така, Марк Џејкобс во медиумите ја сподели веста дека токму Кендал ќе биде и негово заштитно лице за пролетната кампања 2015. Изминатиов викенд во Њујорк Тајмс објави текст каде го објаснува феноменот наречен „Кендал Џенер“ кој рапидно прерасна во мегаѕвезда.
Но, тоа не е се од Кендал. Имено, магазинот Dazed, вчера објави дека девојката која ќе се најде на нивната насловна страна за следниот месец ќе биде токму Кендал Џенер. Коверот ќе се најде на сите три зимски верзии на списанието за месец декември. Фотографските кадри ги „улови“ Бен Томс. Колоритниот аутфит е дело на јапонскиот моден дизајнер Џунја Ватанабе, додека стајлингот на црно – белата фотографија е дело на Марк Џејкобс. Третата фотографија претставува апстрактен спој од двете и е дело на Инстаграм артистот Даг Авраам.