Новите лица од кастингот на најочекуваното модно шоу на Викторија Сикрет

7 ноември 2014

Оваа година постојат измени во однос на програмата, односно не еден, туку два од стандардните ангели на Викторија Сикрет ќе имаат можност да носат скапи и уникатни градници. Станува збор за двете бразилски убавици, Адријана Лима и Алесандра Амбросио.

Карли Клос, Доуцен Крос и Кендис Сванпул се само дел од манекенките кои се секогаш задолжителен дел од шоуто, а за сите останати се прави кастинг, на кој се прави строга селекција. Оваа година, дел од шоуто нема да бидат Кара Делевињ и Кендал Џенер, кои на втори декември ќе бидат во Австрија, за модната ревија на Шанел за пред колекцијата есен – зима 2015 година. Во продолжение ќе ве запознаеме со манекенките кои за прв пат беа дел од кастингот за Викторија Сикрет и ќе бидат дел од гламурозното шоу.

Даниела Брага

Родена е во Сао Паоло, а за градење на манекенската кариера се преселува во Њујорк. Таа е еден од најомилените модели на Балман, а во 2012 година во интервју за италијанскиот Вог, изјавила дека неостварена желба и е да биде ангел на Викторија Сикрет.

Бланка Падила

Шпанскиот модел била откриена додека патувала со воз накај дома. Покрај тоа што е студент, Бланка е често дел од ревиите на Оскар де ла Рента, Версаче, Долче и Габана и Валентино.

Роми Стријд

Холандската манекенка започнува со работа во 2009 година и до сега била дел од ревиите на Кристофер Кејн, Барбери, Прада, Нина Ричи, Сен Лоран, Луј Витон и други модни куќи. Исто така, Роми се има сликано за голем број магазини, од кој посебно се издвојува едиторијалот за британскиот Вог. Од 2012 година до сега правеше пауза од модната сцена, а кастингот за Викторија Сикрет и е карта за враќање на модните писти.

Кате Григориева

Својата кариера ја започнува со сликање за руското издание на Вог, а покрај ангажманите за голем број модни куќи, не се сомневаме дека Кате ќе блесне на ревијата на Викторија Сикрет.

Стела Максвел

Манекенката претходно беше заштитно лице на колекцијата „Very Sexy“ на Викторија Сикрет, а брендот одлучи овој пат да ја ангажира за претстојното модно шоу.

Грејс Махари

Една од музите на Шанел била забележана за време на шопинг во Торонто и од тогаш до сега е дел од модни ревии на светски познати модни куќи.

Иман Хамам

Станува збор за уште еден модел од Холандија која остави впечаток на ревијата на Живанши за колекцијата пролет/лето 2014 година. Нејзината мајка е од Мароко, а нејзиниот татко од Египет, па токму мистичната убавина и донесе успех на модната сцена.

Ирина Шарипова

Поранешниот Мис на Русија за 2010 година од победата во својата земја па до ден денес, реди само успеси на модната сцена и тоа носејќи парчиња од Марк Џејкобс, Долче и Габана, Оскар Де ла Рента, Шанел и други.

Јуми Ламберт

Белгискиот модел со делумно потекло од Јапонија, е првиот модел од нејзината земја, кој успеа да биде дел од кампања за Шанел. Листата соработки со модни дизајнери е долга и токму затоа нема да издвоиме посебно име, но сепак тоа што е значајно да се знае е дека рангирана на листата Топ 50 модели за шоуто на Викторија Сикрет.

Објавено:
7 ноември 2014
Категорија: 
Сцена