Како изгледаше првото шоу на Викторија Сикрет во 1995?

7 ноември 2016

Шоуто на Викторија Сикрет денес важи за еден од најекстравагантните, најскапите и најпопуларните спектакли во модната индустрија.

Но, гламурозниот изглед не бил секогаш присутен кога се во прашање модните ревии на овој светски познат бренд. Особено не, првите модни ревии.

Магазинот Harper's Bazaar објави фотографии и видео од првото модно шоу на Викторија Сикрет во 1995 година одржано во New York Plaza Hotel, кое е во далеку посиромашно издание во однос на луксузот што брендот ни го презентира во својата современа историја.

Недостасуваат ангелските крилја, свилените наметки позади сцена, познатите супер модели, популарните музички имиња, гламурозната сцена... Напротив, се е спакувано во многу поедноставна ревија на која манекенките ги носат на себе комбинациите од каталог.

Но, после 21 година, шоуто на Викторија Сикрет е во сосема друга димензија, едно од најпрестижните случувања на модната сцена, кое годинава за прв пат ќе се одржи во Париз, а ќе се емитува на 5-ти декември.

Објавено:
7 ноември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.677 пати