Кога би можеле барем на еден ден да бидат во кожата на некој друг човек, најголем број од жените би ги избрале токму ангелите на Викторија Сикрет. Ова е само една од претпоставките поради кои овој бренд е толку популарен.
1.Компанијата Викторија Сикрет била основана од Рој Рејмонд во 1977 година отварајќи продавница во Калифорнија. По отварањето на уште неколку продавници и обидот за продажба преку пошта, Рој ја продава компанијата на Limited Brands кои во 1993 година направија национално препознатлив бренд од Викторија Сикрет. Рој банкротирал, а подоцна извршил и самоубиство скокајќи од Golden Gate Bridge.
2. Маркетинг директорот на Викторија Сикрет Ед Разек ,неодамна во едно интервју откри дека секој месец одбива понуди од голем број холивудски ѕвезди кои сакаат да бидат дел од тимот на ангелите. Манекенките мора да задоволуваат одредени стандарди, а холивудските ѕвезди кои се пријавуваат не ги задоволуваат бараните критериуми во однос на тежината, висината и пропорциите.
3. Најголем дел од извршните позиции во компанијата ги водат токму жените. Тие се исто така две третини од гостите на нивните шоуа и 98% од нивните потрошувачи. Исто така, предност е што голем дел од ангелите се претставуваат како „приземјени“ личности, па токму поради тоа се и омилени. Дел од нив се Тајра Бенкс и Хајди Клум.
4. Шоуто на Викторија Сикрет веќе седма година по ред се пренесува и на малите екрани, пред се поради големиот број обожаватели,но сепак постои група која нивното шоу го смета за вулгарно. Оваа група дејствува преку разни организации во насока да се спречи емитувањето на шоуто и се поднесуваат голем број барања и жалби за нивно отстранување од програмите.
5. Една од најголемите дилеми поврзани со овој бренд е всушност која е Викторија? Се претпоставува дека Викторија била англиска кралица од 19 век. Нејзиниот сопруг Алберт со кого имала дури 9 деца починал, а таа тагувала за него се до нејзината смрт, дури 40 години. Во тоа време жените задолжително носеле корсети со цел да ги истакнат своите облини, па тука се поставува прашањето која била тајната на Викторија? И дали била фатална убавица која само нејзиниот сопруг можел да ја освои? Ова е само една од претпоставките поврзани со Викторија, а вистинската приказна можеби и никогаш нема да ја дознаеме.