Видео: Како изгледа кастингот на Викторија Сикрет

Желбата на голем дел девојки ширум светот, а особено на оние кои се веќе во модниот бизнис е да бидат дел од ѕвезденото шоу на ангелите. Што треба една девојка да поседува за да биде дел од ваква спектакуларна манифестација, кои се критериумите кои треба да ги поседува и дали е доволно само да има убаво тело за да се влезе во најтесниот круг за влез во модната ревија на Викторија Сикрет. Низ видео снимката ќе можете да видите како се одвива процесот за избор на девојки кои ќе ја имаат ексклузивната можност да настапат на големото шоу на Викторија Сикрет.

 

 

Ед Разек, кој е главен директор за маркетинг на креативни услуги вели дека целиот процес е мошне напорен.

„Во рок од два дена ќе поминат 100 девојки, а ние треба да одбереме 18 до 20 кои ќе продолжат во следниот круг. И верувајте не е едноставно“.

Џон Фајфер е кастинг директор и вели дека девојките кога ќе чујат дека има кастинг за Викторија Сикрет буквално летаат за да се пријават и да учествуваат.

Креативната директорка Софија Нефито открива што треба да поседуваат девојките кои се пријавуваат:

„Треба да имаат самодоверба и да бидат способни да се престават во најдобро светло кога се движат по пистата, бидејќи тука ги гледаме само ние но на ревијата ќе ги гледаат милиони луѓе“.

 

 

Истото мислење го дели и Монико Митро која е дел од жирито.

„Тие не треба само да се движат на писта треба и да бидат во улога на изведувачи. Наша обврска не е само да направиме аудиција туку и да ги интервјуираме, да дознаеме повеќе за нив, за нивниот карактер, личност, сензибилитет“.

Голем број од девојките пак се исплашени возбудени и со пеперутки во стомакот.

„Никогаш не сум учествувале во вакво шоу, се надевам оваа година ќе успеам да влезам“, вели Сара Сампајо.

„Кога се движам по пистата, се трудам да се претставам во најдобро светло, да им покажам што знам и нормално да се надевам на добро резултати“, се надоврзува уште една од потенцијалните учеснички Кели Гејл“.

А, Марта Хант, пак вели дека тука не можеш да излажеш или да скриеш, се движиш по пистата без шминка, без фризура во твоето најприродно издание и нормално се надеваш дека ќе влезеш во финалето.

Има и такви девојки кои и по десет пати се пријавуваат на вакви кастинзи и не се одбрани никогаш, но не ја губат надежта, од година во година се сè подобри. Жирито е едногласно по таа тема дека најважна е самодовербата.

Објавено:
8 ноември 2013